Утрински Весник
Македонија

Коалиција Влен: Законите треба да важат подеднакво за сите, без разлика на етничка, верска или политичка припадност

20240724093001 Big 730x400 82.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на Коалиција Влен:

ВЛЕН апелира до правосудните органи да постапуваат исклучиво по словото на законот, ослободени од политички влијанија и да испорачаат правда врз основа на докази изнесени во фер и транспарентна постапка. Законите треба да важат подеднакво за сите без разлика на етничка, верска или политичка припадност.

Враќањето на довербата во правосудниот систем не смее да се сведе на дневна политика. Не сме среќни што една политичка партија како ДУИ се поврзува со сериозни сомнежи и индиции за бројни случаи на политичко-фамилијарна корупција.

Овие поразителни околности фрлаат дамка на сите Албанци. Ваквите сомневања се уште еден аргумент плус дека ДУИ мора час поскоро да се реформира и да почне да делува како конструктивна опозиција.

Наша обврска како ВЛЕН е да не дозволиме ова заглавено во минатото раководство на ДУИ да се обидува да направи од Албанците штит за нивните корупциски скандали.

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“