Утрински Весник
Македонија

Кој е заштитениот периметар околу Собранието – Каде не смее да има собири и протести?

Sobranie.webp.webp

Во Собранието на Македонија денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија, а пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност е и Предлог на законот за прогласување на Просторот околу Собранието за безбедносна зона.

Според предлог-законот тревникот со површина од 1,5 хектари ќе се прогласи за безбедносна зона со цел да се обезбеди слободен пристап за пратениците, вработените и другите службени лица кои учествуваат во работата на Парламентот, како и да се заштити собранискиот објект и околниот простор од мешање и евентуални градежни интервенции од приватни субјекти, јавува Скопје 1.


Просторот што ќе биде опфатен – од почетокот на булеварот „11 Октомври“ до зградата на Државниот завод за статистика – ќе му припаѓа на Собранието за институционална употреба. Тоа значи дека на оваа локација ќе се уредува дворниот дел, без можност приватни инвеститори да градат објекти како што беше претходно планирано.

Според членот 8 од предлог-законот, се предвидува забрана за градежни активности, поставување инфраструктура, одржување јавни собири, манифестации, како и користење дронови во радиус од 100 метри околу и над објектот. Сепак, ова не значи забрана на протестите, но ќе се одвиваат надвор од дефинираниот безбедносен периметар.

Можете да прочитате

Драматично бегство од Полициската станица во Кочани – осомничен за дрога избега низ прозорец

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Левица: Додека инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ, Македонците ја губат можноста за сопствен дом