Младиот Агрон Демири, коносителот во изборната единица со број шест е познат младински активист кој верува дека во младината е силата, а младите се тие кои треба да ги се изнесат вистинските вредности во општеството.
Гимназија завршил во Тетово, а сега е магистрант по право на Универзитетот во Југоисточна Европа.
Бил претседател е на Студентскиот парламент и здружение како и член на Сенатот на
Универзитет на Југоисточна Европа (ЈИЕУ).
Работел како советник во сектор за Европска Унија и меѓународна соработка, а денес како правник е дел од Одделението за правни услуги во
Електрани на Северна Македонија.
Во мојата душа отсекогаш бил мојот социјалдемократски бунт
Пораснав во духот на политиката, активизмот и не требаше да размислувам на кој политички дух ќе му припаѓам. Во мојата душа отсекогаш бил мојот социјалдемократски бунт, верувајќи во вредностите што ги пренесува овој политички дух, вели Демири.
Според него оние кои ги направиле најголемите промени во нивните земји се социјалдемократите, така што верува дека револуцијата ја прави токму ова политичко крило.
-Главниот мотив бил и ќе биде младите да бидат дел од политиката, а тоа за мене е мисија. Целите на младите во општите општествени случувања се од особено значење. Затоа, морам да ја искористам можноста и довербата к8ја ми е дадена, вели Демири.
Ќе работиме да ги вратиме младите дома
-Концептот на стабилна и безбедна земја, концептот на едно општество за сите ми се мотив плус, а од ова враќање назад нема, ќе продолжиме напред заедно со сите прогресивни сили. Цврсто верувам дека младите имаат клучна улога во сите овие процеси и ова е можност да покажеме дека младите можат да бидат голема свежина на политичката сцена во државата, вели тој.
Демири додава дека и на младите местото е во политиката и тие ги носат промените, а смета дека и главната цел е оние кои се на студии надвор од државата да се вратат во земјава.
-Верувам дека има простор за оние кои веќе ја напуштиле државата. Ќе работиме напорно за да ги вратиме во нивната земја и верувам дека заминувањето од земјата им послужи да стекнат доволно искуство за да го донесат во својата земја. Северна Македонија има ресурси и нуди можности за секој млад човек, без разлика дали е образован во професионални институции, неформални училишта или самоуки професии. Доволно е да го прошириме хоризонтот со знаење и да придонесеме за нашата земја, додава Демири.
Граѓаните треба да знаат дека политичарите се нивни слуги
-Мојот фокус е овие избори да ги убедам нашите млади и граѓаните воопшто дека нивниот глас е важен за иднината на државата. Одговорноста за подобра иднина зависи од секој поединец. Треба да им биде јасно дека политичарите се нивни слуги. На 8 мај одлучуваат каде ќе продолжи да чекори нашата држава, дециден е Демири.
Тој вели дека имам многу планови во фокусот, но кампањата ќе биде интензивна и убава, затоа ги повикува сите да се придружат.
Немаме друга алтернатива освен ЕУ
Напредокот на Северна Македонија во секоја сфера е моја грижа, прво како граѓанин, а сега и како кандидат за пратеник. Јас сум многу либерален, флексибилен со која било возрасна група, националност, без разлика дали се тие или моите политички противници, сакам да се на маса, да се напијат кафе и да разменуваат муабети за доброто на државата, вели Демири.
За него нема друга алтернатива освен Европската Унија. Секоја друга алтернатива е погубна за државата.
-Нашата иднина е кон запад, а не кон исток, таа е кон напредок, а не кон назадување. Ги повикувам сите политички противници да водат мирна, цивилизирана кампања. На младите и на сите гласачи им порачувам дека со својот глас ја имате иднината на државата во ваши раце, додека имате лесно решение, тоа го нуди само СДСМ, заклучува Демири.