Утрински Весник
Македонија

Коњановски: Општина Битола ќе субвенционира хидрантска мрежа во зградите за поголема безбедност

Toni konjanovski 1920.jpg

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски соопшти дека Општина Битола ќе субвенционире дел од средствата за хидрантска мрежа во зградите.

„Имено, при вонредните контроли, податоците од станбените сервиси, покажаа дека од 590 згради:


– Згради со хидрантска мрежа се вкупно 347, од кои 22 поседуваат и ПП апарати

– Згради без хидрантска мрежа се вкупно 243 и истите не поседуваат ниту ПП апарати.

Затоа, на седницата за ребаланс на Буџетот ќе предложам точка на дневен ред со која ќе предвидиме субвенционирање на дел од средствата за хидрантската мрежа во зградите. На овој начин, сакам да им помогнеме на граѓаните во побрзо решавање на овој проблем и зголемување на нивната безбедност.

Исто така, сакам да известам дека нашите служби се постојано на терен и вршат контрола за состојбата на сите објекти под надлежност на локалната самоуправа. Контролите спроведени во училиштата и детските градинки, покажуваат дека овие институции функционираат како безбедни средини. Истите се опремени со противпожарни апарати, како и обучени вработени, додека хидрантски мрежи, има секаде каде што може истите да се инсталираат.

За исправноста на ПП апаратите или хидрантската мрежа надлежни се лиценцирани фирми кои ги одржуваат, а секаде каде што ќе се појави потреба од дополнување на опремата, истото ќе биде направено по изготвувањето на финалните извештаи во координација со сите надлежни институции, најдоцна до средината на овој месец, за што ќе бидат изготвени и детални извештаи, кои ќе бидат доставени и како одговор на доставените барања за пристап до информации од јавен карактер и јавно објавени на веб страната.

Исто така, детално ќе бидат објавени и информациите за контролите на угостителските објекти, за што замолувам за трпение, за да може службите успешно да си ја завршат работата“ рече Коњановски.

Можете да прочитате

Коцевски: Во последните 10 години не е извршен надзор во ниту едно кабаре во цела држава

Централното претседателство на АА на Таравари одржува седница, ќе одлучува како ќе настапи на локалните избори

Приведен командирот на ПС Кочани кој беше разрешен а кој раководел со станицата за време на пожарот