Утрински Весник
Македонија

Клиника „Жан Митрев“: Згриживме 9 пациенти, тројца се испратени во соседните земји, тројца се пуштени дома, а останатите на понатамошна опсервација

Zmc Zgrada Slika Scaled 1.jpg

Клиника „Жан Митрев“денеска соопшти дека дава целосна поддршка и максимална посветеност за повредените од трагичниот настан во Кочани. Досега вкупно девет пациенти беа згрижени во Клиниката, од кои тројца пациенти кои беа во животна опасност и беа итно интубирани, се пренесени на лекување во соседните земји. Останатите шест пациенти добија соодветен третман, при што тројца од нив веќе се во стабилна состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување, додека другите тројца пациенти остануваат на дополнителна опсервација.

Од Клиниката „Жан Митрев“ наведуваат дека од првиот момент ги отвориле вратите за сите повредени во трагичниот настан во Кочани и со целосна поддршка и максимална посветеност ги ставаат на располагање сите свои ресурси, целиот медицински персонал, болничките капацитети и амбулантните возила.


Тимот на болницата лекари, медицински сестри и болничари, заедно со специјално опремените амбулантни возила, постојано се ангажирани во транспорт на најтешко повредените пациенти не само до и од клиниката, туку и од други здравствени установи во земјата и странство. Во изминатиот период беа транспортирани повеќе од десет пациенти кон различни здравствени центри, вклучувајќи ги аеродромите во Скопје и Солун, како и болниците во Белград, „8 Септември“, Клиничката болница „Климент Охридски“ и други.

– Сочувствувајќи со ненадминливата трагедија и големата болка, целосната грижа и сите услуги за повредените беа обезбедени бесплатно и Клиниката заедно со целиот свој персонал ќе продолжи да помага се додека има потреба, со истата посветеност и хуманост што се темел на нашата работа, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Нема подолги задржувања на граничните премини