Утрински Весник
Свет

Кличко до Западот: Испратете ќебиња и генератори пред зимата

Кличко до Западот: Испратете ќебиња и генератори пред зимата

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, изјави дека Украина е очајна поради бројните напади врз енергетската инфраструктура и дека киевската мрежа работи во итен режим.

dobivaj vesti na viber

Тој апелираше до Западот да испрати ќебиња и генератори во Украина за да ја преброди зимата.

Самиот градоначалник на Киев купил неколку генератори и поставил 1.000 мобилни пунктови за греење во Киев, организирани со помош на неговиот тим.

Стравовите продолжуваат да растат како што се приближува зимата, а Русите продолжуваат да ја напаѓаат клучната енергетска инфраструктура.

– Поради значителниот недостиг на електрична енергија, од 20 до 50 отсто од енергетскиот систем на градот работи во итен режим – напиша Кличко на Телеграм.

Тој изрази надеж дека вработените во Укренерго ќе го вратат протокот на електрична енергија на нормално ниво за две до три недели,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Иран за првпат ја нападна Сирија, сообраќајот низ Хормуз е запрен

(Видео) Огромно свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина