Утрински Весник
Свет

Кличко: Би сакал да го нокаутирам Путин

Кличко: Би сакал да го нокаутирам Путин

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, Виталиј Кличко, призна дека сонува да влезе во рингот со рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Кличко изјави дека „би сакал да го нокаутира Путин“, но дека тоа е „само фантазија“.

Кличко, на прашањето на новинар на „Билд“ дали ќе го нокаутира Путин, одговори: „Се разбира дека би сакал да го нокаутирам Путин, но тоа е само фантазија“.

Според Кличко, „Путин моментално го доживува својот личен нокаут на фронтот“, каде, како што наведе, украинските војници херојски се борат и нанесуваат тешки порази на руската армија.

Градоначалникот на Киев изрази уверување дека Украина ќе ја добие војната со Русија, но посочи дека итно и треба повеќе оружје, муниција и борбени авиони.

Можете да прочитате

Лавров: Тешко е да се коментира за перспективите за преговори за Украина во овој момент

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето

Во Тексас потврдени уште два случаи на црв-месојад