Утрински Весник
Свет

Клаудија, една од жртвите во Лариса, не ги послушала родителите и останала во возот

Клаудија, една од жртвите во Лариса, не ги послушала родителите и останала во возот

Клаудија Лата имаше само 21 година, студентка, која  се најде на списокот на жртвите од трагичната железничка несреќа во Темпи, несреќа која го втурна во жалост нејзиното семејство и цела Грција.

dobivaj vesti na viber

За трите дена на верниците од Православна вероисповед „чистиот понеделник“, ученичката отишла во Патра и се качила во возот за да се врати во своето училиште.

Нејзините родители, кои живеат во село близу Лариса, ја замолиле да помине и покрај нив да ги види.

„Застани да те видиме“, ѝ рекле родителите, меѓутоа, таа одбила, за побрзо да стигне до Солун.

Како што им објаснила, сакала да одмори неколку часа и да почне да се спрема за испит.

Клаудија Лата,  семејството ја прогласи за исчезната. Таа беше патничка во вториот вагон од трагичната железничка несреќа во Грција. Семејството Лата, во Лариса, ја објави загубата на социјалните мрежи. Клаудија има двајца браќа и сестра.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“