Утрински Весник
Свет

Кирило Тимошенко, заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, поднесе оставка

Кирило Тимошенко, заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, поднесе оставка

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко денеска соопшти дека поднел оставка.

dobivaj vesti na viber

Како што напиша на апликацијата Телеграм, тој побара од шефот на државата Володимир Зеленски да го ослободи од должноста, пренесе Ројтерс.

„Му благодарам на претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата и можноста да прави добри дела секој ден и секоја минута“, напиша Тимошенко,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп