Утрински Весник
Свет

Кина започна спор против САД поради субвенциите за производство на електрични возила

Tesla Punjenje.jpg
300x250 (7)

Кина покрена спор против САД пред Светската трговска организација (СТО) поради „дискриминаторски“ субвенции за производство на електрични автомобили, објави кинескиот комитет при СТО. Кина покрена постапка пред СТО поради „фундаментално дискриминаторски субвенции“ во американскиот Закон за намалување на инфлацијата (ИРА), што, како што наведуваат, резултираше со исклучување од американскиот пазар на стоки од Кина и другите членки на СТО.

„Под маската на одговор на климатските промени, намалување на емисиите на јаглерод и заштита на животната средина, (тие субвенции) се всушност условени со купување и користење на стоки од САД, односно увоз од одредени региони“, објави кинескиот комитет на СТО.

Ss1

Кинеското Министерство за трговија го повикува Вашингтон „веднаш да ги коригира дискриминаторските индустриски политики и да ја зачува стабилноста на глобалните индустриски и синџири за снабдување со нови енергетски возила“, рече портпаролката на Министерството во Пекинг.

Кинескиот одбор објави дека покренува постапка пред СТО „за заштита на легитимните интереси на кинеската индустрија за електрични возила и зачувување на еднаква конкуренција на глобалниот пазар“. Претставник на СТО потврди дека го добиле барањето на Кина за консултации на оваа тема, без да даде детали.

Канцеларијата на американското Министерство за трговија не одговори веднаш на барањето за коментар за потегот на Кина.

По жалба, СТО формира панел за решавање на спорот и обично донесува одлука за шест месеци, а честопати одзема повеќе време. Доколку СТО пресуди во корист на Кина, Вашингтон може да поднесе жалба и да го искористи правниот вакуум што постои од декември 2019 година поради противењето на Вашингтон за назначувањето судии во главната жалбена комисија на СТО.

САД бараат реформа на тоа тело, тврдејќи дека ги надминува своите овластувања, а започнати се преговори кои наидуваат на бројни пречки.

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО)Во Турција приведени 36 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Турција

Бајден го повика Сенатот да ја одобри помошта за Украина, Израел и Тајван