Утрински Весник
Свет

Кина повика на мир во Украина, на која САД и одобри да користи ракети со долг дострел против Русија

20241118103301 Big 730x400 25.webp.webp

Кинеските власти денеска повторно повикаа на мир во Украина, на која САД и одобри да користи ракети со долг дострел за напад на Русија.

„Најитно е да се поттикне деескалација на ситуацијата што е можно побрзо“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џиан на редовната прес-конференција, повикувајќи на „брз прекин на огнот и политичко решение“.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе и дозволи на Украина да користи оружје обезбедено од САД за напади длабоко на руска територија, објавија синоќа добро упатени извори, што претставува промена во политиката на Вашингтон во украинско-рускиот конфликт.

Белата куќа се уште не објави ништо за ова прашање.

Овој потег на САД, два месеца пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да стапи на должност на 20 јануари, уследи по неколкумесечните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски да и дозволи на украинската војска да користи американско оружје за напад на руски воени цели далеку од границата.

Можете да прочитате

Две лица го загубија животот, а девет се повредени во експлозијата во рафинеријата во близина на Фиренца

Tрамп: Зеленски сака мир, тоа е ново

Путин: Никој нема да може да ја скрши Русија – на наша страна се вистината и оружјето