Утрински Весник
Свет

Кина лани десеткратно ги зголемила инвестициите во Иран

Кинеските инвестиции во Иран се зголемија десеткратно во 2023 година, изјави денеска заменик-министерот за економија и финансии, според извештајот на новинската агенција Тасним. Кинеските инвестиции минатата година достигнаа три милијарди долари и беа десет пати поголеми од претходната година, изјави заменик министерот за економија и претседател на Организацијата за странски инвестиции Али Фекри во интервју за агенцијата ИРНА, пренесува Тасним.

Според извештајот, кинескиот капитал главно бил насочен кон проекти од областа на логистиката, инфраструктурата и рударството. Иран е под санкции на САД и ЕУ поради развојот на неговата нуклеарна програма. Техеран истакнува дека го користи за цивилни цели.

Кина е важен економски партнер за Техеран и главен купувач на иранска нафта. Двете земји потпишаа 25-годишен договор за соработка во 2021 година, забележува германската агенција ДПА. Од почетокот на мандатот на претседателот Ебрахим Раиси во август 2021 година, Иран привлече 10,6 милијарди долари странски капитал, изјави претставник на Министерството за економски прашања и финансии.

Русија инвестирала најмногу капитал во тој период, а меѓу важните инвеститори, заедно со Кина, се и Обединетите Арапски Емирати, Турција, Ирак и Индија, изјави иранскиот претставник. Развојот и продлабочувањето на односите со соседните земји е главната стратегија на Владата, потенцира Фекри.

Во 2022 година, странските директни инвестиции во Иран достигнаа вредност од 1,5 милијарди долари според Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД).

Можете да прочитате

Галант против ослободување од воена служба на ултраортодоксните Евреи: Тоа е најважно прашање на националната безбедност

Стано: Со заканите со нуклеарно оружје Путин се обидува да ја префрли одговорноста за војната

Повеќе од 70 убиени во напад на израелската војска врз лица кои чекале храна во Газа