Утрински Весник
Свет

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со „тешки последици“, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина и се дозволи да се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

dobivaj vesti na viber

„Сите европски земји ќе треперат под сенката на можна нуклеарна војна“, предупреди Пекинг во неделниот уредник на државниот Глобал Тајмс.

„Во тој случај нема да има безбедност за никого, ниту за Украина, ниту за светот“, пишува весникот.

„Наместо да бара решение за ставање крај на конфликтот, Вашингтон одново и одново покажа дека САД брзаат во другата насока – разгорувајќи го пламенот на војната“, се додава.

Претседателот Володимир Зеленски го обнови својот повик за приклучување кон Алијансата откако Русија најави обид за анексија на четири региони во Украина.

Запрашан за барањето на Зеленски за забрзување на членството на Украина во НАТО, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан минатата недела рече дека сега „не е вистинското време“ и дека барањето „треба да се разгледа во некое друго време“.

Кина го повика НАТО целосно да се повлече од Источна Европа, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска