Утрински Весник
Свет

Кина ја престигна Јапонија, стана најголемиот светски извозник на автомобили

Кина ја престигна Јапонија, стана најголемиот светски извозник на автомобили

Кина ја престигна Јапонија и стана најголем светски извозник на автомобили во првиот квартал од оваа година, најмногу благодарение на зголемената побарувачка за електрични автомобили, но и на растот на испораките на кинески автомобили во Русија, пренесува Спутник. Кинескиот извоз на автомобили во периодот од јануари до март се зголеми за 58 отсто во споредба со истиот период минатата година и достигна 1,07 милиони возила, соопшти кинеската асоцијација на производители на автомобили.

dobivaj vesti na viber

Јапонија во истиот период извезла 950.000 автомобили, што е раст од шест отсто во однос на првиот квартал од 2022 година, објави Јапонската асоцијација на производители на автомобили.

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте во вториот квартал. Индустријата за патнички возила очекува вкупниот раст годинава да биде 30 проценти, на четири милиони единици. Во 2009 година, Кина ги престигна САД и стана најголемиот пазар во светот за продажба на нови автомобили.

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство