Утрински Весник
Свет

Берлускони по излегувањето од болница: Беше тешко, но сега сум добро и почнувам да ја обновувам партијата

Берлускони по излегувањето од болница: Беше тешко, но сега сум добро и почнувам да ја обновувам партијата

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска по неговото неодамнешно пуштање од болница објави дека се чувствува подобро и дека почнува да ја обновува својата партија Форца Италија (ФИ).

dobivaj vesti na viber

„Се предадов на небото и на помошта од лекарите. Беше тешко, но секогаш бев самоуверен“, изјави Берлускони во интервју за весникот „Кориере дела сера“, пренесе АНСА.

На прашањето за евентуална реорганизација на партијата во рамките на подготовките за европските избори, поранешниот премиер одговори дека историјата на ФИ е обележана со континуирано обновување.

„Ние ќе продолжиме да работиме така. ФИ има искусна и авторитативна национална и локална владејачка класа. Тие не се и нема да бидат сами, бидејќи јас ќе продолжам целосно да ги исполнувам моите должности како основач и лидер на партијата. Односите со нашите политички сојузници се исто така одлични“, рече Берслускони.

 

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови