Утрински Весник
Свет

Ким со возт патува кон Пекинг

20250901152158 big 730x400 92.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун денеска со воз отпатува за Пекинг, каде ќе присуствува на кинеската воена парада. Тоа е првпат Ким да присуствува на голем мултилатерален дипломатски настан.

Предвидено е Ким утре да пристигне во Пекинг, а на 3 септември да присуствува на воената парада во чест на формалното предавање на Јапонија во Втората светска војна.


Се очекува Ким во Пекинг да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, но и со шефот на руската држава Владимир Путин, кој исто така ќе присуствува на воената парада.

Поразот на империјална Јапонија во 1945 година и доаѓањето на комунистите на власт во Кина во 1949 година беа клучни настани што ја предизвикаа Корејската војна од 1950 до 1953 година. Војната резултираше со поделба на полуостровот на комунистички северен дел поддржан од Кина и капиталистички југ поддржан од САД.

Можете да прочитате

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта