Утрински Весник
Свет

Киличдароглу: Битката продолжува

Киличдароглу: Битката продолжува

Опонентот на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, го призна поразот на изборите во Турција и кажа дека ќе продолжи да се бори за одбрана на правата на Турците.

dobivaj vesti na viber

„Не можев да не ги бранам вашите права“, рече тој во своето обраќање.

„Не бегав од неправедниот систем. Не можев да молчам против тоа милиони луѓе да станат граѓани од втор ред во оваа земја. Не можев да дозволам да ги кршат вашите права. Дека вашите деца легнуваат гладни. Земјоделците да не можат да произведуваат. Не можев да ги дозволам тие работи“, рече тој.

Кажа дека на виделина излегла желбата на луѓето да поддржат авторитарен режим.

„Тоа ќе продолжи да биде дел од нашата приказна“, додаде тој. На крајот им се заблагодари на 25-те милиони луѓе кои гласаа за него и рече дека „битката продолжува“.

Можете да прочитате

ОН: Над 1.500 луѓе веќе се убиени во насилствата на бандите на Хаити оваа година

Ќе расте цената на лукот

Киев ги зајакна безбедносните мерки по нападите со руски балистички проектили