Утрински Весник
Свет

Киднапирани кучиња за откуп од Швајцарија пронајдени во Полска

Svajcarski Kucinja 1024x576 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Швајцарските инспектори го решија случајот со киднапирање на две мали кучиња, кои беа киднапирани за откуп од еден милион швајцарски франци, објавија викендов швајцарските власти.Полицијата соопшти дека пар мали кучиња биле украдени од стан на 59-годишник во Шлирен, во близина на Цирих, а крадците оставиле уценувачко писмо барајќи пари за нивно ослободување.

Наместо да го плати откупот, сопственикот се јавил во полиција, што покрена меѓународна истрага.


Властите приведоа 30-годишен Норвежанец на аеродромот во Цирих како главен осомничен за кражбата, изјави портпаролот на полицијата за ДПА.

Благодарение на дополнителните траги, случајот ги одвел истражителите во Полска, каде што било уапсено уште едно лице.

Украдените кучиња беа пронајдени и безбедно вратени на нивните сопственици помалку од две недели по киднапирањето.

Норвешкиот осомничен останува во притвор во Швајцарија, додека полските власти ја продолжуваат истрагата против 38-годишен маж вклучен во злосторството.

Можете да прочитате

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска