Утрински Весник
Македонија

Киднапиран скопјанец: Насилно го внеле во возило па го претепале

Policija 8.jpg

Синоќа во 21.10 часот во СВР Скопје, М.Л. од Скопје пријавил дека В.А. и Д.С. го внеле во возило и физички го нападнале, а употребиле и тврди предмети, а потоа го возеле во возилото и го оставиле на подрачјето на Карпош.

Според пријавеното, причина за нападот биле нерасчистени должничко-доверителски односи.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч