Утрински Весник
Магазин

Кидман ја доби АФИ наградата за животно дело, на церемонијата дојде во златен фустан

Nikol Kidman 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На Никол Кидман викендов и беше врачена награда за животно дело од Американскиот филмски институт.

Таа влезе во историјата како првата австралиска актерка што го доби, според многумина, најголемото признание во американската кинематографија.

56-годишната актерка на доделувањето на наградите што се одржа во театарот Долби во Лос Анџелес дојде со нејзиниот сопруг Кит Урбан. За таа прилика облече златен фустан од Баленсијага и спремно им позираше на фотографите.

Во пресрет на доделувањето на наградата, Кидман се присети на 1983 година, кога ја започна својата актерска кариера со улога во филмот Bush Christmas.

„Тоа 14-годишно девојче никогаш не можеше да ги предвиди талентираните луѓе со кои ќе работи и многуте различни ликови што ќе ги игра“, напиша таа на Инстаграм.

Никол Кидман стана позната во 1989 година кога го сними филмот Days of Thunder со Том Круз, а се прослави со улогата на Сузана Стоун Морето во филмот To Die For во 1995 година. Никол пет пати беше номинирана за Оскар, а улогата на англиската писателка Вирџинија Вулф во филмот The Hours и донесе Оскар за најдобра актерка.

Инаку, наградата за животно дело на Американскиот филмски институт е основана во 1973 година и се доделува на поединци за нивниот животен придонес во „збогатувањето на американската култура преку филмот и телевизијата“.

Можете да прочитате

Почина познатиот скопјанец Боби Ле Петит

Заштита на домашните миленици од петарди и огномет

Која рака боли непосредно пред срцев удар: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате!