Утрински Весник
Магазин

Кевин Костнер ја напушта вестерн-драмата „Јелоустоун“

Кевин Костнер ја напушта вестерн-драмата „Јелоустоун“
Ss2

Американски медиуми дознаваат дека Кевин Костнер ја напушта хит серијата „Јелоустоун“ на „Парамаунт“, а на негово место ќе дојде уште едно големо холивудско име.

dobivaj vesti na viber

Метју Меконахи, наводно, е во преговори со креаторите на популарната серија, кои се соочуваат со проблем бидејќи Костнер размислува да замине во последната, петта сезона, а причината е дека сака да посвети повеќе време на некои други проекти, првенствено режирање и глума во својот нов вестерн Horizon („Хоризонт“).

Ss1

Но, портпаролот на „Парамаунт нетворк“, од друга страна, се надева дека „Јелоустоун“ ќе ги има двете холивудски ѕвезди, а не дека ќе пристигне друг актер на сметка на претходниот.

„Немаме никакви вести за соопштување. Кевин Костнер е сè уште дел од ‘Јелоустоун’ и се надеваме дека ќе биде уште долго време. Благодарение на брилијантниот ум на Тејлор Шеридан, ние секогаш работиме на проширување на овој неверојатен свет што тој го изгради. Метју Меконахи е одличен талент со кој би сакале да соработуваме“, изјави портпаролот.

Според добро информиран извор, Метју Меконахи и креаторот Тејлор Шеридан сакаат да ги здружат силите на малите екрани и конечно да соработуваат, но официјална потврда нема.

Кевин Костнер ја толкува главната улога, Џон Датон – патријарх и сопственик на најголемиот ранч во Монтана, кој решава конфликти во сопственото семејство, но и со индијанскиот резерват Broken Rock, националниот парк и градителите кои граничат со него.

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат