Утрински Весник
Магазин

Кети Пери се приклучува на актерскиот тим на „Прасето Пепа“

Кети Пери се приклучува на актерскиот тим на „Прасето Пепа“

Кети Пери се приклучи на актерскиот тим на популарната анимирана серија Peppa Pig („Прасето Пепа“).

dobivaj vesti na viber

Поп-ѕвездата (38) ќе го позајми својот глас на нов лик, кројачката Ms Leopard (госпоѓа Леопард).

Во соопштение до медиумите, Оливие Думонт, претседателот на „Хасбро ентертејнмент“, наведе: „Ние сме воодушевени што таков талент од А-листата се придружи на семејните забавни авантури во серијата за прасето Пепа. Како родител и голем фан на самата Пепа, Кети Пери е совршена за гласот на госпоѓа Леопард“.

Според него, ангажманот на поп-ѕвездата е доказ за светскиот успех на серијалот.

Кети ќе го позајми гласот на новиот лик во Peppa Pig Wedding Party („Свадбена забава на прасето Пепа“) – специјално издание од три дела по повод 20-годишнината, а кое ќе се емитува напролет 2024 година.

Британската детска серија првпат почна да се емитува во мај 2004 година. Седмата сезона почна во март 2021 година и се емитуваше во над 180 земји.

Можете да прочитате

По 27 години во Лас Вегас уапсен маж за убиството на раперот Тупак

Ед Ширан ќе објавува албум за секое годишно време

(Видео) Мик Џегер: Каталогот на бендот нема да им го оставам на децата, што ќе им се 500 милиони долари