Утрински Весник
Свет

Кенгур кој бил чуван како домашен миленик го нападнал и убил сопственикот

Кенгур кој бил чуван како домашен миленик го нападнал и убил сопственикот

Маж во Австралија го загуби животот откако го нападна кенгур што го чувал како домашно милениче, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Роднина го пронашол 77-годишникот со тешки повреди вчера на неговиот имот во Редмонд, на околу 400 километри јужно од Перт, и повикал брза помош. Кога пристигнале болничарите, кенгурот не им дозволил да му помогнат на човекот.

Полицијата поради тоа морала да пука во животното. Мажот починал на местото на настанот, пишува Би-Би-Си.

Во Австралија живеат околу 50 милиони кенгури, но нападите се ретки. Ова е прв смртен случај по ваков инцидент регистриран во земјата од 1936 година,пренесе Србијаденес.ком

Можете да прочитате

Пад од 124.000 на под 63.000 долари – што се случува со биткоинот?

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт