Утрински Весник
Свет

Русија: Уапсен директор на фабрика за авиони, издавал тајни воени информации на Украина

Русија: Уапсен директор на фабрика за авиони, издавал тајни воени информации на Украина

Руските служби уапсија жител на Московската Област, директор за квалитет на една фабрика за авиони, под сомнение дека издавал тајни воени информации на Украина, пренесуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија соопштила дека уапсениот фотографирал опрема и цртежи на руски борбени авиони и ги предал на украински државјанин, кој работел во фабрика за авиони во Украина.

„Граѓанин на Русија е обвинет за велепредавство затоа што ѝ дал информации на Украина на штета на безбедноста на Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Според ФСБ, жител на Московската Област, додека бил на позицијата директор за квалитет на одредена фабрика за авиони, имајќи пристап до документи означени како „строго доверливо“, фотографирал фрагменти од детални цртежи на воената авијациска опрема, пренесува РИА „Новости“.

Преку електронски комуникациски канали, тој препраќал информации до украински државјанин, работник во фабрика за авиони во Одеса.

Отворена е истрага за случајот на предавство, соопштиле од ФСБ.

Можете да прочитате

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Трамп: Сè уште размислувам дали ќе присуствувам на преговорите за Украина во Турција

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“