Утрински Весник
Свет

Кенеди: САД ќе ја знаат причината за епидемијата на аутизам до септември

20250411082306 big 730x400 29.webp.webp

Американските власти до септември оваа година ќе ја утврдат причината за аутизмот, изјави американскиот секретар за здравство Роберт Кенеди Џуниор.

„Ќе знаеме до септември. Почнавме масовно тестирање и истражување во кое ќе бидат вклучени стотици научници од целиот свет“, рече Кенеди на состанокот на кабинетот на претседателот Доналд Трамп.


„До септември ќе знаеме што ја предизвикало епидемијата на аутизам и ќе можеме да ги елиминираме тие изложувања“.

Во февруари, Трамп нареди да се создаде комисија „Направи ја Америка повторно здрава“, во која членуваат Кенеди и други министри, за да се испита се, од стапките на аутизам и астма кај децата до количината на лекови што им се препишани за АДХД или други состојби.

Дијагнозите за аутизам во САД значително се зголемија од 2000 година, што ја засили загриженоста на јавноста. Научниците истражуваат со децении кои генетски или еколошки фактори можат да придонесат за аутизам, но причините за повеќето случаи остануваат нејасни.

Кенеди долго време ја промовираше врската помеѓу вакцините и аутизмот, и покрај научните докази за спротивното.

Можете да прочитате

Син го убил татка си, го распарчил телото, па го пријавил како исчезнат – Хорор во Унгарија

Денешниот ден (вторник 15 април) беше многу мачен и спарен!

Земјотрес повторно ја стресе Турција