Утрински Весник
Спорт

Кејн: Го остварив сонот

Кејн: Го остварив сонот

Хари Кејн ја обележа големата победа за Англија на стартот од квалификациите за Европското првенство. „Горди Албион“, во Неапол, славеше со 2:1 над актуелниот европски првак, Италија.

dobivaj vesti na viber

Во 44. минута Кејн стена најдобриот стрелец во историјата на националниот тим. Напаѓачот на Тотенхем постигна гол од пенал. На вечната листа тој го мина Вејн Руни.

„Каква ноќ. Специјална за сите нас, посебна за мене. Никогаш нема да ја заборавам оваа ноќ. Горд сум. Ви благодарам на сите кои помогнаа овој сон да стане реалност”, изјави Кејн по натпреварот.

Англија ја совлада Италија на гости за прв пат по 1961 година, а селекторот Герет Саутгејт ја постигна 50. победа на клупата на Албион.

“„Победивме во Италија по многу, многу години. Беше чест да се учествува на ваков настан. Навистина немам зборови. Сакам само уште еднаш да им се заблагодарам на сите, на моите соиграчи, стручниот штаб, навивачите, моето семејство и мојата сопруга“.

Англија во недела ја пречекува Украина на „Вембли“.

Можете да прочитате

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови

Македонските кадети на врвот: Злато на Светското училишно првенство во Скопје