Утрински Весник
Македонија

Казни за 232 возачи во Скопје: 73 за брзо возење

83 казнети возачи на територија на СВР Kуманово

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Најубавиот звук од Детската клиника: Победничкото ѕвонче заѕвони за херојот Ефнан

„ТАВ Македонија“ го укина ограничувањето за бесплатен влез во „Hug & Fly“ на скопскиот аеродром

Ивановски: Пругата Бељаковце – Крива Паланка се гради со силна динамика