Утрински Весник
Спорт

Катастрофално второ полувреме за нов пораз на МЗТ во АБА-лигата

Катастрофално второ полувреме за нов пораз на МЗТ во АБА-лигата

МЗТ Скопје Аеродром не успеа да ја забележи својата втора победа во новата сезона во АБА-лигата, откако по фантастичниот почеток, одиграа катастрофална третата четвртина за на крајот да загубат со високи 77:94 од Морнар Бар пред домашната публика во „Јане Сандански“.

dobivaj vesti na viber

Во првиот меч од шестото коло, „металците“ има одличен старт и на почетокот на третата четвртина имаа 54:53 предност, кога гостите влегоа во 14:0 серија до крајот на четвртината за целосен пресврт. По ова, МЗТ не успеa да се врати во игра и на крајот загуби со 17 поени разлика.

Со оваа победа, Морнар го подобрува својот скор на 3-3, со што се очекува да биде на средината на табелата, додека МЗТ паѓа на 1-5 при дното.

Бојан Крстевски заврши со 22 поени за македонскиот клуб, Кафи уфрли 14, а Војдан Стојановски 13 поени, додека за Морнар, Владимир Михаиловиќ беше најефикасен на мечот со 25 поени.

Фото: АБА лига

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија