Утрински Весник
Спорт

Каталуња го враќа стариот изглед

Каталуња го враќа стариот изглед

Патеката на која се вози Големата награда на Шпанија ќе има ревидирана конфигурација за овогодинешната трка – осма во шампионатот. Патеката исо така ќе има нови безбедносни карактеристики и реновирани гаражи.

dobivaj vesti na viber

Патеката, недалеку од Барселона, првпат беше домаќин на Шпанското ГП во 1991 година, кога Аиртон Сена и Најџел Менсел се бореа за шампионската титула и оттогаш претрпе неколку промени.

Во 2007 година беше воведен остар свиок пред последниот свиок, но оваа година (во моментов на свиоците 14 и 15) ќе биде отстранет за да се врати делот во првобитниот изглед.

Новите „TECPRO“ бариери ќе бидат воведени во последните две брзи кривини, а официјалната должина на патеката за Големата награда на Шпанија ќе биде 4.657 метри, што е за 18 метри пократко од претходната патека.

Шпанската патека, исто така, ќе претрпи други промени, со проширување на просторот за застанување на свиокот 1, вклучувајќи уште 70 метри чакал плус 5 проценти и нова ограда што ги штити свиоците 1 и 2 за да се подобри безбедноста на возачите.

Семафорот на излезот од пит-лејн ќе биде редизајниран за 2023 година, вклучително и „помодерна“ сигнална кула – плус пребојување и замена на рабниците и бариерите на гумите.

Конечно, угостителските и корпоративните области на зградата покрај главниот пат ќе бидат зголемени и модернизирани, додека постојаните тоалети во фан зоните ќе бидат реновирани за Големата награда на Шпанија во 2023 година, која ќе се одржи од 2 до 4 јуни.

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0