Утрински Весник
Македонија

Камионче и „голф“ се судрија во Кисела Вода: автомобилот смачкан, возачот во болница

Полицијата со детали за превртената цистерна кај Миравци

На 27.6.2023, во 19.40 часот, било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од булеварот Борис Трајковски со улицата Трајко Иванов, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И. М. (26) од Скопје, и товарно возило „там“, управувано од Ј. А. (67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Од силината на ударот возилото „голф“ е целосно уништено во предниот дел.

„Во несреќата тешки телесни повреди добил И. М., констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, а телесни повреди добил Ј. А., констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Ристоска: Единствената цел е да се спречи конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во „Талир 2“

Апелација ги потврди казните за убиствата на Вања и Панче, на Ѓорчевски одново ќе му се суди

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци