Утрински Весник
Магазин

Камерон Дијаз нема да се врати во Холивуд по хаосот што настана на снимањето на новиот филм

Камерон Дијаз нема да се врати во Холивуд по хаосот што настана на снимањето на новиот филм

Актерскиот камбек на Камерон Дијаз би можел да биде краткотраен, според извори кои велат дека на филмската икона не ѝ се допаѓа драмата на филмските сетови.

dobivaj vesti na viber

Ова доаѓа откако снимањето на првиот филм на Камерон по пауза од девет години (од 2014) – акциона комедија со Џејми Фокс – наводно било оптоварено со многу проблеми, при што Џејми, кој воедно е и продуцент на филмот, имал нервен слом.

Дијаз најверојатно повеќе нема да снима, пишува „Дејли мејл.“ Британскиот таблоид се повикува на тврдења од луѓе блиски на актерката дека Back In Action, кој моментно го снима со Џејми Фокс, ќе биде нејзиниот последен филм бидејќи повеќе не може да го одржи темпото.

Back In Action, кој почна да се снима во Велика Британија, е првиот филм на кој работи Камерон (50) по мјузиклот „Ени“ и по нејзиното пензионирање од актерството.

Проблемите што се појавиле на снимањето резултирале со одлука на 55-годишниот Џејми, извршен продуцент, да отпушти четворица членови на персоналот, вклучувајќи го и неговиот возач, еден продуцент и помошник-режисер.

50-годишната актерка се повлече од Холивуд во 2018 година, но нејзиниот близок пријател Џејми Фокс успеа да ја убеди да се врати и да глуми покрај него во акционата комедија.

„Камерон веројатно нема да се врати во светот на филмот по завршувањето на овој проект бидејќи ѝ е многу тешко да биде далеку од семејството и ја мрази драмата и конфликтите кои често избувнуваат на филмските сетови“, изјавиле извори блиски до неа, како што пренесува „Дејли мејл.

„Таа не може да поднесе драма и конфликти. Затоа се пензионираше, мисли дека веќе се докажала во индустријата и дека нема на кого да се докажува,” додаваат тие.

Во 2019 година, Камерон ја дочека ќерката Редикс со својот сопруг, музичарот Бенџи Мејден.

Камерон  го прослави своето име во филмови како „Има нешто за Мери“(1998).

Можете да прочитате

Не мора да се откажувате од белиот леб: Ставете го во замрзнувач и јадете го без грижа за калориите

Ослободете се од токсините во воздухот со помош на овие прекрасни растенија

Џон Бон Џови најави крај на пеењето на концерти