Утрински Весник
Магазин

Камбоџа постигна нов светски рекорд во „носење невести“

2227701.jpeg

Стотици Камбоџанци се спротивставија на тропските горештини за да постават необичен нов светски рекорд: за најголем број луѓе кои изведуваат „носење невести“ во исто време.

Доцна во петокот, 245 мажи ги кренаа своите партнерки – сопруги, девојки, сестри или мајки – со едната рака под коленото, а другата околу грбот и ја задржаа таа позиција една минута за да го постават рекордот, потврдија претставници на Гинисовата книга на рекорди.

„Многу сум среќен, ова е мојот прв пат да учествувам на ваков настан за да го соборам светскиот рекорд за Камбоџа“, изјави Сем Кан (25), кој ја носеше неговата сопруга.

По поставувањето на рекордот, многу од учесниците продолжија да ги носат како дел од натпреварот за освојување нов автомобил.

„Носење невеста“ е наречено по начинот на кој во некои култури младоженецот ја носи својата невеста преку прагот на нивниот нов дом.

Можете да прочитате

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Кои хороскопски знаци најтешко поднесуваат неправда?

Кога е најдобро да се јаде темно чоколадо за подобра апсорпција на антиоксиданси