Милан и Салернитана одиграа 1:1 во последниот натпревар од 26. коло на италијанската Серија А.
Милан беше подобриот тим (шутеви 24:6, посед на топка 64 проценти), но тоа не му помогна против борбените гости од Салерно.
Домашните на „Сан Сиро“, поведоа во финишот на првото полувреме со голот на Оливие Жиру, а Салернитана израмни откако Булаје Диа го искористи додавањето на Домагој Брадариќ.
Милан најголемата шанса за победа ја имаше во 88.минута, кога ударот на Алесандро Флоренци на гол линијата го запре неговиот соиграч Пјер Калулу.
Kalulu che la “salva” dalla loro riga di porta 😭pic.twitter.com/ZDr6xiEais
— M4rk (@M4rkPhilips) March 13, 2023