Утрински Весник
Спорт

Калин Ивановски го освои турнирот во Скопје

Калин Ивановски го освои турнирот во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонскиот тенисер Калин Ивановски е победник на фјучерс турнирот кој се одржува во Скопје. Првпат по 15 години, еден македонски тенисер успева да оствари еден ваков успех. Тој во финалето го победи Французинот Саша Вајенбург со 2:0 во сетови.

dobivaj vesti na viber

Калин Ивановски започна подобро, но потоа загуби четири гема по ред. Сепак, успеа навреме да се врати и го одведе сетот во тај-брејк, кој успеа да го добие.

Во вториот сет и двајцата тенисери го држеа сопствениот сервис сѐ до десеттиот гем, кога Македонецот направи брејк и го комплетираше мечот со 7.6; 6:4.

За Калин Ивановски ова е прв освоен турнир на земјена подлога, вкупно четврти пехар во кариерата.

Патот до финалето на Калин Ивановски

1.коло Тибо Колсон (Белгија) 2-1 (4:6, 6:2, 6:4)
2.коло Ален Бил (Хрватска) 2-0 (6:0, 6:0)
1/4 – финале Мирза Башиќ (БиХ) предаде Башиќ
1/2 – финале Ерги Киркин (Турција) 2-1 (3:6, 6:2, 6:2)

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини