Утрински Весник
Магазин

Како се прави најдобар домашен ајвар: Проверен рецепт кој нема конкуренција

Ajvar Served With Bread 1.jpg

Ви го откриваме рецептот за највкусен ајвар што се подготвува на овие простори.

Ајварот се прави од чиста пиперка, а времето на пржење на ајварот зависи од повеќе фактори: количината на пиперка, интензитетот на оганот, видот на црвената пиперка и количината на вода во нив.

Затоа е важно пиперките добро да се исцедат пред да се готват.

Состојки:

5 кг црвен пипер
250мл масло

1 лажица сол

1 лажица вински оцет

Ако сакате зачинет лут ајвар, додадете 1 кг лута пиперка на 25 кг пиперки.

Подготовка:

Пиперките добро измијте ги, избришете ги и ставете ги да се печат. Печете ги добро од сите страни и ставете ги во пластични кеси за полесно да се лупат. Кога ќе завршите со печење, излупете ги пиперките и добро исчистете го семето. Оставете да се исцеди преку ноќ.

Следниот ден, мелете ги пиперките на мелница. Кога ќе завршите со мелење на пиперките, намачкајте го малку тенџерето и ставете ги пиперките во тава за пржење.

Ставете го тенџерето со пиперки на оган и промешајте, истовремено додајте го маслото за добро да се загрее. Додека маслото се загрева, ги мешате пиперките во тенџерето на средна, не висока топлина, околу дваесет минути.

Потоа истурете го загреаното масло на пиперките и мешајте цело време на средна топлина. Ајварот треба да се пржи 2 до 3 часа од првото вриење. Ајварот е подготвен кога ќе ја поминете лажицата на средина и добро ќе го видите дното на тенџерето.

Половина час пред крајот на пржењето, ставете ги теглите во рерна на 100 степени Целзиусови. Непосредно пред крајот на пржењето, додадете оцет и врелиот ајвар истурете го во врели тегли.

Теглата добро затворете ја и вратете ја во рерна на 75 степени Целзиусови уште еден час. Теглите оставете ги во затворена рерна додека не се изладат целосно.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста