Утрински Весник
Македонија

Каевски: Долгови, партиски вработувања – тоа е резултатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Каевски: Долгови, партиски вработувања – тоа е резултатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ
300x250 (7)

Повеќе од една и пол година измина од мандатот на над 40 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ а граѓаните од нив не видоа реализација на ниту еден важен проект. Но затоа има задолжување на општините, партизација и поскапи комунални услуги за граѓаните. Ова го истакна портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

Рече дека Штип, Велес, Прилеп, Охрид се само дел од општините предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои драстично ги поскапеа услугите за граѓаните.

Ss1

„Охрид и Прилеп се и едни од најзадолжените општини кои должат шест, односно близу два милиони евра. И додека Општина Прилеп должи пари, тамошното јавно комунално претпријатие Комуналец, распишува тендер за привремени вработувања вреден речиси 400.000 евра за да вдоми партиски кадри. И сето тоа се случува откако граѓаните на Прилеп плаќаат во просек за 20 отсто поскапа вода и за 60 отсто поскапи комуналии. И не е само општина Прилеп којашто расипнички се однесува кон парите на граѓаните.

За времени вработувања Општина Бутел троши над 280.000 евра, Општина Гази Баба над 220.000 евра, пет милиони денари троши општина Аеродром за истата намена, а милиони денари за вработувања трошат и општините Кочани, Илинден, Велес… сите раководени од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Каевски.

Како што додаде, посебна приказна за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ е Градот Скопје кој има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот. Рече дека поради инаетот и каприците на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Градот изгуби грант од 70 милиони евра и дополнително плаќа годишни пенали.

 

Ss1

Можете да прочитате

Има ли шанси за пресврт на претседателските избори? Борис Трајковски успеа да анулира предност од 120.000 разлика на изборите во 1999 година

Расчистено разбојништво во тетовско, приведени две лица

Џафери – Лапсли: Северна Македонија е ценета членка на Алијансата која посветено ги развива одбранбените капацитети