Утрински Весник
Свет

Кадиров: Во Чеченија нема да се изврши воена мобилизација

Кадиров: Во Чеченија нема да се изврши воена мобилизација

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека во оваа република нема да се изврши воена мобилизација.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука е донесена и покрај тоа што претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша указ со кој се пропишува делумна мобилизација во таа земја.

– Чеченија го надмина планот за мобилизација. Овој механизам го разработивме од самиот почеток, уште пред најавата за делумна мобилизација. Дополнително, републиката има резерва од илјада доброволци кои, доколку е потребно, ќе се приклучат во Украина – рече Кадиров.

Тој додаде дека Чеченија го исполнила својот план за армијата за 254 отсто. Во чеченскиот град Грозни, по најавата на Путин, 50 жени се собраа да протестираат против оваа одлука. И покрај тоа што полицијата уапси неколку жени, Кадиров рече дека нема потреба од протести во Чеченија.

-Го повикувам населението на Чеченската Република, особено нашите сакани и почитувани мајки, да останат смирени. Секој треба да има јасен граѓански став и да не биде наивен. Што се однесува до оние кои критикуваат, велат дека се патриоти, а ја напуштиле Русија по одлуката за мобилизација, таквите кукавички ѓубриња треба да се затворат засекогаш – заклучи Кадиров.

Да потсетиме, самиот Путин ја потпиша одлуката за делумна мобилизација на 21 септември. Иако министерот за одбрана Сергеј Шојгу нагласи дека одлуката вклучува повикување до 300.000 војници, руските медиуми дознаваат дека одлуката може да опфати и до милион резервисти кои Руската Федерација може да ги повика за војната во Украина,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите