Утрински Весник
Балкан

Кабинетот на Вјоса Османи: Конференцијата на Курти и Мицкоски придонесува за оцрнување на Косово

V Osa.jpg

Кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи соопшти дека е „за жалење“ начинот на кој бил разрешен инцидентот со претседателката од 1 август, односно на прес-конференција на косовскиот премиер Албин Курти и неговиот македонски колега Христијан Мицкоски на 5 август во Скопје.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција рече дека му е жал за инцидентот на скопскиот аеродром во кој учествуваше и косовската претседателка Вјоса Османи. Неговиот косовски колега Албин Курти рече дека официјалниот извештај ќе го расветли целиот инцидент.

Кабинетот на косовската претседателка соопшти дека споменатата конференција „уште повеќе придонесе за пропагандата против Република Косово“, јавува косовскиот сервис на Радио Слободна Европа.

„Она што се случи на аеродромот во Скопје е јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во целиот свет, затоа Претседателството очекува да биде информирано за преземените мерки во врска со овие прекршувања, како што е нагласено во протестната нота испратена од Р. Косово“, се наведува во реакцијата од Кабинетот на косовската претседателка.

Оваа институција соопшти дека го цени изразот на жалење за инцидентот од страна на македонскиот премиер, но додаде дека досега „институциите на Северна Македонија никогаш не се занимавале со прашањата покренати во протестната нота за кршење на меѓународните обичаи“ во однос на кон Република Косово и дека напротив, тие отворено и без никакво двоумење прифатиле такво прекршување.

„Нема потреба од дополнителни извештаи и истраги за каква било фактичка состојба, бидејќи тие се целосно ирелевантни пред јавното прифаќање на институциите на Северна Македонија дека таквото правило е намерно наметнато и покрај јасните барања на меѓународното право“, се додава во реакцијата.

Од Кабинетот на Османи повторуваат дека Вјоса Османи не ги пречекорувала и не ги прекршила процедурите при нејзините патувања во различни земји во светот.

Оттаму соопштија и дека веќе неколку дена се финализирани извештаите што за овој случај ги подготвува оваа институција и косовската полиција.

Од Кабинетот на косовската претседателка го оценија настанот што се случи на аеродромот во Скопје како „чиста провокација и тенденција за предизвикување инцидент“.

На прашањето на косовскиот премиер Курти во Скопје дали Косово се уште останува на ставот дека овој настан е провокација, тој рече дека не знаел оти институциите имале таков став и дека некој „граѓанин“ можеби го рекол тоа, но не и институциите на Косово, нагласувајќи дека Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово преку соопштенија го презентираа ставот на Владата.

Можете да прочитате

Грчки дипломатски извори изразиле сериозни сомнежи за интегритетот на изборниот процес во албанскиот град Химара

Во Србија ќе биде претставен тим здравствени експерти кои имаат за цел – анализа на последици за здравјето од ископ на литиум

Грција заплени кокаин вреден милион евра скриен во контејнер за банани