Утрински Весник
Свет
Img 7972

Kоронавирусот влезе во гардата на австриската војска, повеќе од 80 војници во карантин

Kоронавирусот влезе во гардата на австриската војска, повеќе од 80 војници во карантин
300x250 opst2

Гардата на австриската војска се соочува со заболување од коронавирус на 29 нејзини припадници во касарната „Радецки“ во Хорн.

Гардата на австриската армија му служи на претседателот на државата и нејзината задача е да ја претставува официјална Австрија, односно да ги пречекува официјалните лица од странство.Оваа единица на австриската армија има и должност да обезбедува објекти, лица и простории.

Во моментот, во касарната во касарната „Радецки“ има 88 војници – 29 болни и 59 кои имале контакт со нив, објави воената команда за покајание Долна Австрија.

Првите случаи на коронавирусот се откриени минатиот викенд, кога пет војници имале благи симптоми, по што биле позитивно тестирани.

За време на тестирањето на други војници, откриени се уште 24 позитивни кои немале никакви симптоми.

Касарната обично има 197 војници, но поради пандемијата е поделена на две касарни во Аленштег и во касарната „Радецки“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сенатот на САД не го усвои законот за финансирање

Трамп: Путин може веднаш да ја заврши војната, но не сака

Израел ќе го отвори граничниот премин Рафах и ги откажа планираните акции против Хамас