Утрински Весник
Спорт

Микел Хансен се враќа дома – Постигнал договор со Алборг

Микел Хансен се враќа дома – Постигнал договор со Алборг
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Микел Хансен, еден од најдобрите во историјата на ракометот, ја изненади јавноста со изборот на својот нов клуб. Хансен, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Алборг.

„ТВ2 Спорт“, објави дека по завршувањето на сезоната, Хансен ќе се врати во Данска и ќе го облече дресот на Алборг. Според овој извор, во наредните денови ќе бидат познати повеќе детали од договорот.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Хансен во досегашната кариера играл за ГОГ Гудме (2005-2008), Барселона (2008-2010), Копенхаген (2010-2012), а од 2012 е член на Барселона.

Микел Хансен во кариерата три пати бил играч на годината во изборот на Меѓународната ракометна федерација, со Данска бил европски, светски и олимписки шампион. Интересно, во кариерата, нема титула во Лигата на шампионите.

> Микел Хансен се враќа дома – Постигнал договор со Алборг <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Реал Мадрид со проблеми пред финалето на ЛШ

Гизолфи е новиот спортски директор на Рома

Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕП!