Утрински Весник
Македонија

Kонечно ќе се реши проблемот со вода за пиење во општина Пустец

Kонечно ќе се реши проблемот со вода за пиење во општина Пустец

Тирана, 28 февруари 2020 (МИА) – Пратеникот во албанскиот парламент од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски продолжува со напорите за подобрување на условите за живот на Македонците.

Во тие рамки, вчера попладне заедно со градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски, во Тирана остварија работна средба со директорот на Национална агенција за водовод и канализација, Алќи Блако.

-На средбата разговаравме за решавање на проблемот со вода за пиење во селата на општина Пустец. На големо задоволство постигнавме договор, со кој Националната агенција за водовод и канализација на општина Пустец ќе и додели фонд за изработка на проекти за изградба на водоводни мрежи за секое село на општината, кои ќе почнат да се реализраат годнава, изјави Стерјовски за МИА.

Посочува дека конечно ќе биде надминат еден од најгорливите проблеми,водоснабдувањето во општина Пустец, Мала Преспа.

Општината опфаќа девет населени места, со над пет илјади жители. вт/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Завршни зборови за убиствата на Вања и Панче: Нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое ни на сон не им сторило ништо на четворицата обвинети

Обвинителството тврди дека Палчо од таткото Александар разбрал кое време Вања ќе оди на училиште и дека ќе оди сама

Одбраната на Боре Видевски не ја донесе снимката од бензиската „Макпетрол“ во Велес, на која наводно се гледа Жежовски како полни бензин