Утрински Весник
Магазин

Joван Јованов со прва соло песна по 17 години како најава за големиот концерт во Скопје

Jovan jovanov 01.jpeg

„Не ти стои“ е насловот на новата песна на Јован Јованов. Ова е негов прв соло сингл по 17 години откога Јован пред извесно време се врати на сцената – првин со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“, што го испеа со Елвир Мекиќ.

– Среќен сум што по толку години, направив песна, која, се надевам, ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни – изјави Јованов.

„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната. 

Концертот што го планираат заедно со Елвир Мекиќ ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни. Влезниците веќе се во продажба.

Можете да прочитате

На 50 години посака уште едно дете – доби тројки

Кои се придобивките од истегнувањето

73 отсто од Британците би останале дома на Денот на вљубените