Утрински Весник
Македонија

Jавното обвинителство: За предметот со австриската фирма се постапува исклучително ажурно

Обвинителството предлага куќен притвор за напаѓачот на новинарската екипа на 24ТВ

Јавното обвинителството тврди дека се постапува исклучително ажурно за предметот со австриската фирма „АММА ДОО Хоенемс“ за која зборуваше австрискиот амбасадор во земјата, Георг Вуцас.

dobivaj vesti na viber

Реакцијата следи по обвинувањето на Вуцас дека се одложува процесот за наплата на долг од 4,5 милиони евра што валандовска фирма поврзана со експремиерот Зоран Заев го има кон австриската. Амбасадорот бараше смена на судии и обвинители.

Од Обвинителството информираа дека компанијата поднела три кривични пријави.

„Наведеното правно лице во 2021 година до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднело кривична пријава за кривично дело – Измама и Злоупотреба на службена положба. Надлежниот јавен обвинител, по проверка на сите наводи утврдил дека елементи на наведените кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој оштетените воделе постапка која е завршена пред Меѓународниот центар за арбитража во Виена, Австрија. По изјавената жалба на решението, предметот се наоѓа на постапување во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Во меѓувреме, истото правно лице поднесе пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело – Оштетување или повластување на доверители. Пријавата е примена на 26.05.2023 година и надлежниот јавен обвинител веќе постапува, прибира докази, а по потреба ќе нареди и соодветни вештачења.

До Основното јавно обвинителство Скопје, пак, истото правно лице на 23.06.2023 година поднесе кривична пријава против НН службени лица во Агенцијата за катастар за недвижности за Несовесно работење во службата, Фалсификување службена исправа и Компјутерски фалсификат. Пријавата веќе е распоредена кај јавен обвинител, се проучува и се преземаат дејствија со цел да се испитаат наводите, да се обезбедат докази и да се идентификуваат евентуални сторители. Иако во конкретниот случај во основа станува збор за граѓанско-правен однос меѓу правните субјекти, а нивните права се обезбедуваат во соодветни судски и други постапки, по поднесените кривични пријави се постапува исклучително ажурно“, велат од Обвинителството.

Претходно, судскиот совет објави дека формирал работни групи за увид во списите во предметот што се воделе за австриската фирма за која реагира австриската амбасада. Според членовите на овој совет, незадоволството од постапувањето на амбасадата е насочено кон Јавното обвинителство.

Вчера се огласи и експремиерот Заев кој кажа дека ќе го тужи амбасадорот ако уште еднаш го спомене неговото име во негативна конотација. Тој се огради од било каква негова инволвираност во овој спор и верува дека судот ќе донесе законита одлука.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм