Утрински Весник
Свет

Извлечено куче од урнатините по 25 дена

Извлечено куче од урнатините по 25 дена

Во турскиот град Хатај, еден од најтешко погодените од двата разорни земјотреси на 6 февруари, извлечено е куче од урнатините 25 дена по земјотресот.

dobivaj vesti na viber

Екипи на АФАД и други служби работеле на отстранување на урнатините во Антакија, Хатај, кога слушнале глас под една од урнатините, по што следела потрага.

По успешната операција на екипите за пребарување и спасување, 25 дена по разорните земјотреси, од под урнатините успешно е извлечено куче териер.

Утврдено е дека кучето успеало да најде храна под урнатините, каде било затворено и така преживеало.

Откако е извлечено од под урнатините, кучето е пренесено во ветеринарна клиника, јавува Анадолија.

При отстранување на урнатините, на истата локација е пронајдено и тело на лице за кое се претпоставува дека е сопственик на спасеното куче.

Во Турција и Сирија во земјотресите на 6 февруари загинаа повеќе од 50.000 луѓе, според податоците објавени од агенцијата Франс прес.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“