Утрински Весник
Свет

Израелскиот министер за надворешни работи повика на „брзо елиминирање“ на новиот лидер на Хамас

20240807071334 Big 730x400 10.webp.webp

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, повика на „брзо елиминирање“ на новиот лидер на Хамас, Јахја Синвар, кој ја презеде функцијата од убиениот водач Исмаил Ханија.

„Именувањето на архитерористот Јахја Синвар за нов лидер на Хамас, кој ќе го замени Исмаил Ханија, е уште една убедлива причина да го елиминираме брзо и да ја збришеме оваа подла организација од лицето на Земјата,“ напиша Кац на мрежата Х, пренесе Тајмс оф Израел.

Командантот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, вчера беше именуван за политички лидер на оваа милитантна палестинска група, а израелската војска го бара од почетокот на војната во енклавата поради планирање на нападите на 7 октомври.

Можете да прочитате

Нетанјаху му се закани на Либан дека ќе биде срамнет како Газа

Нетанјаху му се закани на Либан дека ќе биде срамнет како Газа

Изборите во САД ќе чинат 15,9 милијарди долари