Утрински Весник
Свет

Израелски авиони го нападнаа Појасот Газа по падот на проектил во близина на граничното подрачје

Израелски авиони го нападнаа Појасот Газа по падот на проектил во близина на граничното подрачје
300x250 (7)

Израелските воздухопловни сили утринава погодија неколку цели во Појасот Газа, откако неколку часа претходно беше истрелана ракета врз израелската погранична област, соопшти израелската армија. Погодени се „клучно место за производство на ракети“ управувано од палестинската организација Хамас, која владее со Појасот Газа, и тунел на Хамас во јужниот дел на крајбрежниот појас, соопшти израелската војска.

dobivaj vesti na viber

Нападот се случи откако палестинските милитанти во Појасот Газа истрелаа проектил кон израелската погранична област во саботата вечерта, за прв пат по еден месец. Израелската војска соопшти дека ракетната одбрана не била активирана и нема извештаи за жртви или материјална штета. Првично не беше јасно кој е одговорен за нападот.

300x250 (7)

Неколку проектили беа лансирани кон Израел од Појасот Газа на почетокот на ноември. Двајца членови на милитантната палестинска организација Исламски џихад беа убиени во четвртокот вечерта во израелска воена операција на Западниот Брег. Исламскиот џихад е особено активен во Појасот Газа и често од таму изведува ракетни напади.

Ситуацијата на окупираниот Западен Брег е тензична со месеци. По серијата напади врз Израелците што започнаа во март, армијата почесто спроведува рации во областа.

Според палестинското Министерство за здравство, оваа година се убиени 159 Палестинци во врска со воени операции, конфликти или самонанесени напади. Во Израел и на Западниот Брег, оваа година во напади загинаа 31 цивил или припадници на безбедносните сили.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња