Утрински Весник
Свет

Израелската армија мобилизира резервисти – 24info.mk

20250504082919 big 730x400 84.webp.webp

Израелската армија во последните денови почна да им испраќа покани на резервистите за мобилизација, планирајќи да повика десетици илјади од нив како подготовка за проширена офанзива против палестинското движење Хамас во Појасот Газа, објавија синоќа израелските медиуми. 

Се очекува резервистите да бидат испратени да ги заменат регрутите или активните војници низ целата земја, како и на окупираниот Западен Брег, за да можат тие војници и регрути да бидат испратени да се борат во Појасот Газа. 


Роднините на некои од резервистите потврдија дека е примен повик за мобилизација, додека израелската армија ниту ја потврди, ниту ја демантираше таа вест. 

Можете да прочитате

Арагчи: Ормуска Теснина е не е затворена за бродовите од земји кои не се во војна со Иран

Самитот на БРИКС заврши без заедничко соопштение поради различни ставови

Силен земјотрес регистриран во северна Јапонија