Утрински Весник
Свет

Израелската армија изврши жесток артилериски напад врз пограничните региони на Либан

20240403111131 Big 730x400 6.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Израелската армија изврши жесток артилериски напад врз пограничните региони на југот на Либан, јавува Анадолија.

Според либанската новинска агенција NNA, израелската армија гранатирала градови во пограничната област со артилериски оган и тенкови од типот „Меркава“.

Според медиумот, израелските сили ги нападнале градовите Ајта ал Шааб, Рамим, Ед-Духајра, Накура и Лебеније, кои се наоѓаат на границата со Либан.

Според истиот извор, и натаму траат нападите врз пограничните региони на југот на Либан.

Тензиите се разгореа долж границата меѓу Либан и Израел поради повремена размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири од војната во 2006 година.

Пограничната тензија доаѓа во време на израелска воена офанзива на Појасот Газа во која се убиени најмалку 32.900 Палестинци, од 7 октомври, по прекуграничниот напад на Хамас.

Можете да прочитате

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување