Утрински Весник
Свет

Израелската армија го негира нападот врз возило на ОН, УНФИЛ потврди дека е повреден нејзин персонал

20240330125414 Big 730x400 59.webp.webp

Спротивно на извештаите, израелската армија утринава не нападна возило на УНИФИЛ во областа Рамиш, соопшти армијата на Х.

Некои светски агенции, повикувајќи се на два безбедносни извори, претходно јавија дека возило на привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) било погодено во напад во градот Рмеиш на јужната граница.

УНИФИЛ во меѓувреме потврди дека во експлозија се повредени тројца набљудувачи на ОН и еден преведувач.

Мировната мисија на ОН соопшти дека „го истражува потеклото на експлозијата“ во која биле повредени четворица припадници на нејзин персонал во патролна мисија во јужен Либан.

УНИФИЛ во соопштение наведе дека „мора да се обезбеди безбедност и заштита на персоналот на ОН“ и повика на прекин на речиси секојдневните прекугранични напади на Израел и Хезболах.

– Сите актери имаат одговорност според меѓународното хуманитарно право да обезбедат заштита на неборците, вклучувајќи ги мировниците, новинарите, медицинскиот персонал и цивилите, се вели во соопштението на УНИФИЛ.

Можете да прочитате

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот