Израелската армија денеска го бомбардираше секторот Рафа, јужно од Појасот Газа, а властите на Хамас објавија дека во ноќните израелски напади загинале најмалку 110 лица.
Очевидци изјавија дека рано утринава имало напади во областа Рафа, каде што се проценува дека сега има околу 1,3 милиони Палестинци.
Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека најмалку 110 луѓе биле убиени во нападите во текот на ноќта, вклучително и 25 во Рафа, пренесува Тајмс оф Израел.
Израелските одбранбени сили објавија дека воздушните напади биле насочени кон терористичката инфраструктура.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на војската да подготви „план за евакуација“ на стотици илјади цивили во Појасот Газа пред можна копнена офанзива.